Денес по вторпат, овојпат во надградено и проширено издание ви го презентирам сукулентот кој е еден од најраспространетите и еден од најпознатите кај нас. Овој сукулент кој е многу попознат по неговото народоно име Чувар на куќа, му припаѓа на родот Semprevivum во кој има повеќе од 40 (некаде може да се сретне и информација дека ги има повеќе од 50) различни видови и дури над 3000 хибриди во разлини форми, бои и големини. За овие сукуленти може да се каже дека најдобро го поднесуваат студот од сите други. Името Semprevivum доаѓа од латинскиот збор што значи – засекогаш жив. Овој Чувар на куќа е на листата на заштитени растителени видови во Унгарија.
Сукулент на денот 53/10 е…
Sеmpеrvivum tеctоrum
…кој беше и Сукулент на денот 199/08
Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. Tеctоrum
Народнo имe: Houseleeks, Liveforever, Common Houseleek, Hen-and-Chickens, Old Man and Woman, Roof House Leek, Hens and Chicks, House Leeks
Синоними:
Потекло: Алпите
Боја на цветот: Розева, бела, жолта
Сезона на цветање: Пролет-лето (секоја розета е monocarpic-еднаш цвета и потоа умира
Висина: до 15 cm
Дијаметар: до 30 cm
Одгледување
Освен во саксија, овој сукулент може да расте на камења, ѕидови, покриви и слично и многу лесно се одржува. Се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце (но само до 38 °C, при повисоки темератури може да дојде до негово оштетување) или во блага сенка. Толерира суша и бара умерено полевање. Во зима не преферира влажен супстрат, се полева само колку да не се исуши. Толерира ниски температури најмалку до -12 °C, но во пократки временски интервали може да издржи и многу пониски.
Размножување:
Со семе и режење на розети.
Надворешен линк: Овде
Постои верување дека Чуварот на куќа штити од громови, болести и вештерки. Во една народна поговрка се вели “Подобро Чувар на куќа на куќата, одколку две кучиња пред неа“.
Во медицината сокот од овој сукулент се употребува против изгореници, херпес, хемороиди, чиреви…тинктура од него се употребува како препарат против воспаление на грлото. Во народот е познат и како лек за болка во ушите…се прекршува едно ливче и се капнува една до две капки во болното уво.
Овде може да видите и Опашка на стаорец, не плашете се стаорецот го нема!
Tags: Sempervivum, зима, Кактус/Сукулент на денот, одгледување, размножување, сукулент, цвет




